Во рамките на работата на Одделението на сообраќајни инженери на 9 ноември беше организиран настан со предавање на тема: Транспортно планирање за одржлива урбана мобилност во градовите. Предавач на овој настан беше м-р Горан Јовановиќ од АППИА ДОО Љубљана, Словенија.
Одржливата урбана мобилност на луѓето во градовите во последните години е императив за работа за секој транспортен планер. Употребата на транспортните модели во планирањето е задолжителна, доколку сакаме да овозможиме одржлива мобилност на секој корисник и во секое време. Само на тој начин можеме да допринесеме за правилен плански и урбан развој на секој град. Овие предавања треба да овозможат продлабочување на знаењата за транспортните модели, начинот на употребата на софтверските алатки во транспортното планирање и нивната практична примена. Преку овие предавања и меѓусебната размена на искуства во оваа област, осознавањето за новите насоки во планирањето и практичните решенија ќе се овозможи унапредување на знаењата и подигање нивото на стручност на сообраќајните инженери.
На предавањето присуствуваа 70тина инженери на кои по завршувањето им беа доделени сертификат за континуирано стручно усовршување.
Фотографии од предавањето: