На 18 декември 2018 година, Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, на пригоден настан по повод 11 годишнината од своето постоење ги додели следните награди и благодарници:
Одделение на градежни инженери - Награда именувана Проф. д-р Александар Цане Ангелов
- Добитник на наградата за 2018 година е Проф. д-р Голубка Нечевска-Цветановска
Одделенија на Архитекти и Урбанисти - Награда именувана Проф. Борис Чипан
- Добитник на наградата за 2018 година е Рафаил Влчевски
Одделение на инженери по електротехника - Награда именувана Проф. д-р Станимир Јовановски
- Добитник на наградата за 2018 година е Горан Мојсоски
Одделение на машински инженери - Награда именувана Проф. д-р Илија Черепналковски
- Добитник на наградата за 2018 година Сашо Николоски
Дополнително, годинава е доделена и посебна благодарница на Лилјана Настева-Симиџиевска, за придонес во развојот на инженерството во областа на електротехниката.
На денот на Комората, беа доделени и благодарници на Леонита Чалоска, Фљутура Хазари и Оливија Трајковска, за 10 години работен однос во Комората со докажан успех и придонес во растот на институцијата.
Фотографии од настанот: