На 4 април 2019 година, во просториите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, во организација на Одделението на електроинженери се одржа предавање на тема „БИМ во електротехниката“.
Предавањето го одржа г-дин Дамир Милјачки, член на управниот одбор на Хрватската комора на електроинжинери, кој во своето портфолио има долгогодишно искуство во работата со БИМ опкружување.
На настанот присуствуваа седумдесетина електроинженери и архитекти. Тие имаа можност да слушнат што е БИМ проект, да се запознаат со начинот на примена на БИМ моделите а во одвоена сесија беше презентиран практичен пример како се изработува модел на електрични инсталации на станбен објект во БИМ опкружување. Покрај тоа беа претставени европските директиви ЕУ/24/2014 за имплементација на БИМ, како и бенефити од примена на БИМ проектирање.
На крајот од предавањето, присутните имаа можност да постават прашања и да ги дискутираат подетално аргументите за примена на БИМ проектирање во екетротехниката.
Раководителот на одделението на електроинжинерите Владко Тодоровски, ги запозна присутните со најновите случувања поврзани со новиот Закон за градба и со детали од разговорите водени со преставниците на Електродистрибуција дооел Скопје како и со претстојното потпишување на Меморандум на соработка со нив како и со бенефитите кои се очекуваат со операционализацијата на оваа соработка.
Фотогалерија од настанот: