Во саботата, на 23 ноември 2019 година, во просториите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, предавање одржа Матеја Катрашник, архитект од Марибор, Словенија на тема „Јавен простор како дневна соба на градот“.
На настанот присуствуваа шеесетина архитекти кои со особен интерес го следеа предавањето, кое само по себе изобилуваше со конкретни примери од креативни решенија за решавање на предизвиците со уредувањето на јавниот простор од страна на словенечките архтиекти.
Архитект д-р Андреј Шмид, од приватни причини беше спречен да допатува во Скопје.
Фотогалерија од настанот
Вечерта, во Музејот на Град Скопје беше отворена архитектонската изложба насловена Инвентура – Денови на Мариборската архитектура, од реномираните Словенечки архитекти - членови на Друштвото на архитекти од Марибор. Поставката, изложена во музејот ќе остане во трајна сопственост на Комората на овластени архитекти и овластени инженери и во наредниот период ќе биде изложена во НЛБ Галеријата која се наоѓа во дирекцијата на НЛБ Банка АД Скопје.
Фотогалерија од настанот