На 7 и 8 ноември 2019 година во Скопје, во хотелот „Double Tree by HILTON“ се одржа Првиот Македонски Конгрес за патишта. Конгресот претставува успешен почеток на една традиција во организација на вакви научно – стручни собири.
Воедно, овој Прв Македонски конгрес за патишта беше голем регионален собир на сите авторитети од областа на патиштата и тоа не само од соседните земји, туку и од Европа.
Првиот Македонски Конгрес за патишта беше организиран под Покровителство на Премиерот на Владата на РС Македонија, на иницијатива и во организација на Друштвото за патишта на Македонија (ДПМ), а во соработка со Градежниот факултет (ГФ), Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Јавното претпријатие „Македонијапат“ и Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ).
Конгресот, исто така, претставува и одбележување на неколку големи јубилеи и тоа:
- 70 години од основање на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
- 70 години од основање на Градежниот факултет во Скопје
- 50 години од основање на Друштвото за патишта на Република Македонија.
Теми на Првиот Македонски конгрес за патишта беа:
- Планирање и проектирање
- Управување, изградба и одржување
- Безбедност на сообраќајот на патиштата
- Заштита на животната средина и одржлив развој
- Инфраструктурни објекти
- Транспортна политика и финансирање
- ITS и нови технологии во сообраќајот
- Слободни и сродни теми од областа на патишта и презентација на нови проекти
Фотографии од настанот