На 30 декември 2019 година, во Скопје се одржа состанок на Инженерската иницијатива за регионална соработка (ИИРС). На состанокот беа присутни делегации од Комората на градежни инженери и Комората на електро инженери на Хрватска, Комората на инженери на Словенија, Комората на инженери на Црна Гора, Комората на инженери и инвестициски дизајн на Бугарија и претставници од Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Р.С. Македонија.
Координаторот на ИИРС, Проф д-р Миле Димитровски, направи куса ретроспектива на досегашните случувања и акции на Иницијативата.
Секоја од делегациите ја презентираше состојбата на инженерското организирање во својата земја, законската регулатива и предизвиците со кои тие се соочуваат. Размената на искуства и информации која се одвиваше во текот на дискусиите меѓу присутните беа многу корисни.
Во продолжение на состанокот Проф. д-р Петар Цветановски ги информираше присутните за статусот на проектот за имплементирање на ЕВРО кодови во инженерката дејност.
Реџет Асани, Раководителот на одделнието за архитектура при Комората ОАИ, во рамките на дискусијата за примена на БИМ технологијата во инженерството, извести за тековните активности на Одделението за архитектура во насока на овозможување достапност и обуки за БИМ до сите инженери кои се заинтересирани.
М-р Блашко Димитров со излагањето насловено „Перспективи на инженерската струка и миграција на инженерите во земјите на ИИРС“ се осврна на реалните проблеми и предизвици со кои се соочуваат инженерите во земјите членки на ИИРС.
На крајот, присутните ги резимираа дискусиите и постигнаа начелен договор за следна средба на Иницијативата, и тоа во Хрватска кон крајот на месец март 2019 година.
Фотографии од настанот