На 4 декември 2019 година, во салата за конференции на Комора ОАИ, во рамките на работата на Одделението на сообраќајни инженери и во соработка со Здружението на сообраќајни инженери на Македонија, се одржа предавање на тема: „ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА НА СООБРАЌАЈОТ СО ИЗБОР НА СОВРЕМЕНИ ЕЛЕМЕНТИ НА ХОРИЗОНТАЛНА И ВЕРТИКАЛНА СООБРАЌАЈНА СИГНАЛИЗАЦИЈА ВО УСЛОВИ НА НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ“
Предавачи на овој настан беа:
- Александар Вајс, стручен соработник за материјали, Србија
- Андрија Новаковиќ, инженер за примена на материјали во изработка на сообраќајна сигнализација, Србија
Интензивниот развој на современите технологии во последните години допринесе за нивна зголемена примена во областа на сообраќајната сигнализација. Употребата на нови материјали за хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација посебно наменети за во услови со намалена видливост, начинот на нивното производство, видовите, квалитетот, препознавање и контрола преставува предизвик како за произведувачите така и за проектантите и изведувачите. Овие предавања треба да овозможат размена на искуства, можни решенија на практичните проблеми, препораки за употреба на барањата од Правилникот за сообраќајните знаци, опрема и сигнализација на патот и дефинирање на нивото на потребниот квалитет на нивната практична примена. Преку овие предавања и меѓусебната размена на искуства во оваа област и осознавање на можните решенија ќе се овозможи унапредување на знаењата и подигање нивото на стручност на сообраќајните инженери.
На предавањето присуствуваа седумдесетина сообраќајни инженери кои на крајот добија сертификати за континуирано стручно усовршување.
Фотографии од настанот