На 20.12.2019 година, во конференциската сала на Комората, се одржа Годишното собрание на Здружението Македонски Комитет за Големи Брани (ЗМКГБ).
Покрај административниот дел, во рамките на годишното собрание се одржа и семинар на тема „Потреба од измени и дополнувања на Законот за градење со цел да се унапреди законската регулатива во градежништвото“.
На собирот присуствуваа 50тина членови на Здружението и други гости.
Преземање на рефератите презентирани на Семинарот
- Видови, форми и начини на стекнување на инженерските овластувања и нивно признавање во членките на европскиот совет на инженерски комори (ECEC) – Проф. д-р Миле Димитровски
- Некои дилеми поврзани со законот за градење - Проф. д-р Милорад Јовановски
- Закон за градење – измени, дополни, нов закон – влијание при реализација на хидротехничка инфраструктура? - Доц. д-р Стевчо Митовски и Проф. д-р Маријана Лазаревска
- Влијание на законот за градење во добивања одобренија за браните, за нивна градба и измени на проектот во тек на градба - Славчо Михајловски, дипл.град.инж.
- Иновирање на критериумите за прифатлив ризик на браните во легислативата во РС Македонија – Проф. д-р Љупчо Петковски
Фотографии од настанот