Претседателот на Стопанската Комора, Бранко Азески, денес 4 февруари 2020 во просториите на Комората ОАИ одржа средба со дел од раководството.
На средбата и во разговорите покрај Претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, Проф. д-р Миле Димитровски, учествуваа и Претседавачот на Собранието на Комората М-р Ива Џагора, и раководителот на одделението на градежни инженери, Проф. д-р Петар Цветановски. На средбата беа присутни и м-р Нена Николовска од Стопанската Комора и м-р Димче Атанасовски и арх.Ангел Ситновски од КОАИ.
Претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на почетокот го запозна гостинот од Стопанската Комора со позицијата на нашата Комора во државата, и нејзините јавни овластувања и дејности. Тој го претстави и меѓународното делување на Комората, како и севкупните домашни активности, вклучително и организирање на семинари за континуиран професиoнален развој.
На средбата беа разгледани можностите за соработка помеѓу двете институции, особено на полето на проектното работење, и заедничко систематско делување со цел зајакнување на позицијата на градежниот сектор и архитектите и инженерите во државата.
Претседателот на Стопанската Комора Азески, со задоволство ја поздрави работата на КОАИ како унитарна Комора во која членуваат инженери од сите струки. Тој искажа подготвеност да се отвори интензивна соработка, не само помеѓу двете Комори, туку и со фондовите за развој на проектите WB-6, кој ги води Азески како Претседател на регионалната соработка, за што се предвидуваат следни интензивни средби за конкретни теми и проекти. Доколку министерството го донесе правилникот за брза примена на еврокодовите во прoeктирањето кај нас, Комората ОАИ ќе биде посебно заитересирана за дополнителни средства за финасирање на обуката на македонските инженери за ЕВРО кодовите.
Претседателот на КОАИ Димитровски искажа задоволство од посетата и се заблагодари за одвоеното време, и соопшти дека ќе работи заедно со управниот одбор на операционализација на активностите за натамошна соработка.
Фотографии од средбата