На 11 февруари 2020 година, во рамки на дискусиите за заедничка соработка на студија за третирање на отпадни води, во посета на Комората беа Проф. Серџо Фаторели и г-ца Елена Кло од италијанската компанија Бета Студио.
Главната дејност на Компанијата Бета Студио од Италија работи се интернационални проекти поврзани во третман на отпадни води, заштита од поплави и заштита на животната средина.
Комората на овластени архитекти и овластени инженери, во рамките на своето делување ги опфаќа инженерските професии кои се поврзани со дел од активностите на проектот.
На состанокот беше разговарано како да се продлабочи соработката и партнерскиот однос во врска со тековни проекти, но и да се продолжи понатаму со нови заеднички активности со можмост за значајно учество на инженери од Комората.
Фотографии од состанокот