На 20 февруари 2020 година, во просториите на Комората беше потпишан меморандум за соработка помеѓу Хабитат Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери.
На состанокот покрај претседателот на Комората проф. д-р Миле Димитровски и извршниот директор на Хабитат Македонија д-р Зоран Костов присуствуваа претставници од Управниот одбор на Комората Раде Лазаревски, проф. д-р Петар Цветановски, Владко Тодоровски и генералниот секретар на Комората Димче Атанасовски, како и претставници од Хабитат Македонија Венди Аџиева и Иван Поповски.
Потпишувањето на овој меморандум ќе овозможи континуирана соработка и координација меѓу стручните лица од Комората и Хабитат Македонија особено во процесот на изготвување на предлог документи или мерки за развој на секторите градежништво и домување во Република Северна Македонија.
Фотографии од настанот