На 20 февруари 2020 година, на иницијатива на Драганчо Апостоловски, Координатор за регионални иницијативи при Министерство за надворешни работи на РСМ, во просториите на Комората се одржа средба со делегација на градежни компании од Романија предводена од романскиот амбасадор во РСМ, Н.Е. Виорел Станила.
Главна тема на средбата беше интересот на романските компании да го презентираат своето портфолио пред македонските овластени инженери преку Комората на овластени архитекти и овластени инженери и преку тоа да понудат соработка на македонските компании за заеднички големи проекти. На секоја од романските компании, присутни на средбата, ќе и биде овозможено да одржи еднодневна презентација на своето портфолио во просториите на Комората, во периодот до месец јуни 2020 година.
На барање на романскиот амбасадор беше разговарано и за надминување на бариерите помеѓу двете држави во насока на препознавање на инженерските овластувања, бидејќи инженерите во Романија не се коморски организирани како инженерите во Република Северна Македонија. Нашата Комора изрази подгответност да даде сериозна советодавна и оперативна помош за ова прашање, а во својство на потпретседател на ECEC, претседателот Димитровски се заложи ова прашање соодветно да го артикулира во Европскиот Совет на Комори.
Фотографии од настанот