Во производните погони на компанијата Liberty Steel, на 6 март 2020 година, претседателот на Комората проф. д-р Миле Димитровски и членот на Управниот одбор проф. д-р Петар Цветановски остварија средба со генералниот менаџер Wolfgang Maringer и Игор Крпачовски.
На средбата, господинот Wolfgang Maringer накусо ја претстави компанијата и се разговараше за можностите за заедничка соработка, преку потпишување на договор меѓу двете заинтересирани страни.
Беше разгледана можноста за запознавање на членовите на Комората и на македонските градежни компании со производството на ладно валани профилирани лимови од Liberty Steel, за покривање на објекти кои се актуелни во светските трендови за градење, како и ладно валани профилирани лимови за меѓукатни плочи без користење на оплата.
Професорот Цветановски истакна дека оваа технологија за градење со ладно валани профилирани лимови е позната во академските кругови, но дека многу малку се користи во градењето кај нас поради големата застапеност на традиционалните начини на градење со оплати за бетон и покривање со керамички керамиди.
На средбата беа договорени контурите на договорот за соработка, а стручните служби ќе ја изготват драфт верзијата до 1 април 2020 година. Предвидена е следна средба со поголем број учесници од двете страни за оператина подговтвка на соработката.
Фотографии од средбата