Согласно препораките за заштита и превенција на ширење на вирусот Covid-19 би сакале да Ве известиме дека Комората на овластени архитекити и овластени инженери ги превзема сите неопходни чекори за нашето работење да биде во согласност со издадените насоки од Владата и Министерството за Здравство. Во таа насока, на 17 март 2020 година Управниот одбор на Комората ќе ја одржи својата редовна седница по електронски пат.
Членовите на Управниот одбор без да доаѓаат во просториите на Комората ќе се поврзат преку видео врска и ќе биде овозможено електронско изјаснување по точките кои се предвидени за дискусија.
Исто така, продолжува со важност одложувањето на настаните и вонредното работно време се до завршување на опасноста од распространување на вирусот - Информација ТУКА