Во период на вонредна состојба поради опасноста од ширење на вирусот Ковид-19, Собранието на Комората ОАИ не беше во можност да одржи редовна седница на која ќе одлучува за тековните работи. Во овие услови, Претседавачот на Собранието М-р Ива Џагора одржа електронска седница на Собранието.
Членовите на Собранието во емаил порака ги добија потребните информации и им беше објаснет начинот на изјаснување по електронски пат за предложената одлука за нераспишување на избори во Комората и продолжување на мандатот на членовите на Собранието и органите и телата на Комората.
По завршувањето на електронското гласање, со мнозинство гласови ЗА беше утврдено усвојување на предложената одлука.
Усвоената одлука можете да ја преземете во PDF формат на линкот подолу.