Врз основа на член 24 од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија, бр. 32 од 10.2.2020 година), изготвен е ПРЕДЛОГ текст на Правилникот за урбанистичко планирање. Во член 24 став (4) од Законот за урбанистичко планирање е уредено извршување на СТРУЧНА РАСПРАВА за Правилникот за урбанистичко планирање, но заради вонредната состојба во моментов и почитување на мерките и препораките од Владата на Република Северна Македонија, оваа расправа ќе се спроведе по електронски пат.
До Комората е доставен допис за учество во стручната расправа по предлог текстот на правилникот. За таа цел, Ве молиме Вашите сугестии, забелешки и мислења по предложениот текст (https://bit.ly/3bNR1uV), како членови на Комората, да ги доставите на електронската пошта на Раководителот на одделението на урбанисти и планери д-р Жаклина Ангеловска (Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.), најдоцна до 24.05. (недела) 2020 година.
Преземи ПРЕДЛОГ текст на Правилникот за урбанистичко планирање (https://bit.ly/3bNR1uV)