На 16 јуни 2020 година стапи на сила Законот за урбанистичко планирање (Службен весник на РСМ број 32, од 10 февруари 2020).
ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ОВЛАСТУВАЊАТА НА КОИ ВАЖНОСТА ИМ ИСТЕКУВА ПОСЛЕ 16 ЈУНИ 2020 ГОДИНА
Подзаконските акти за формата, содржината и изгледот на овластувањата (Според Закoнот за Урбанистичко планирање) за изработка на урбанистички планови како и на новите потврди за исполнетост на условот за ревизија на урбанистички планови сеуште не се донесени од надлежното министерство. Поради тоа, Комората нема можност да врши продолжување на овластувањата кои истекуваат по стапување на сила на новиот Закон (после 16. Јуни 2020 година), а ќе започне со нивно продолжување веднаш штом подзаконскиот акт биде донесен. Во комуникација сме со Министерството и очекуваме дека подзаконскиот акт ќе биде донесен во најскоро време (за кое веднаш ќе известиме на веб страницата на комората и ќе започнеме со продолжување на старите овластувања).
Напоменуваме дека Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба со законска сила (Службен весник број 89 од 3 април 2020 година), со која ја продолжи важноста на истечените овластувања за период од 60 дена по завршување на вонредната состојба во државата. Вонредната состојба во Република Северна Македонија заврши на 23 јуни 2020 година и согласно гореспоменатата уредба, важноста на истечените овластувања административно е продолжена до 22 август 2020 година.
АПЛИЦИКАЦИЈА ЗА ОВЛАСТУВАЊЕ НА НОВИ КАНДИДАТИ
- 2. Подзаконскиот акт за организирање и спроведување на стручниот испит (кој е услов за аплицирање за овластување на нови апликанти) сè уште не е донесен, а надлежното министерство нема започнато со организирање на стручни испити. Комората нема да прима апликации за овластувања од нови апликанти за изработка на урбанистички планови, бидејќи еден од условите за аплицирање е да се приложи потврда за положен стручен испит.
Информации за почеток на работа на Комисијата за стручни испити ќе поставиме на веб страницата веднаш штом се создадат услови за тоа.