Врз основа на потпишаниот меморандум за соработка со Хабитат Македонија ги информираме членовите на Комората од Одделението на урбанисти и планери за отворен повик за доставување на понуда за изработка на детални урбанистички планови за градски четврти во општина Шуто Оризари, во реонот на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 година.
Повеќе детали за повикот можете да најдете на веб страната на Хабитат Македонија (или директно на линкот http://habitat.org.mk/povik)