Објавен е Правилник за дополнување на Правилникот за стандарди и нормативи за проектирање во кој се внесени ЕВРОКОДОВИТЕ како стандарди за проектирање на градежни конструкции.
Член 2-б: При проектирање на градежни конструкции на градбите, се применуваат усвоените европски стандарди за проектирње на градежни конструкции (EN), еврокодови EC (1990-1999) како македонски стандарди (МКС - EN), заедно со националните анекси (НА) и соодветните национално дефинирани параметри (NDP) дадени во прилог на Правилникот.
Ќе се применуваат три години од денот на влегување ви сила на правилникот (Правилникот влезе во сила на 3.09.2020 година).
Преземи Службен весник на РСМ бр.211 од 2 септември 2020 година.