Оваа година изминаа 3 години од имплементацијата на ИСО стандардот 9001:2015 во Комората, па согласно условите од ИСО, потребна беше ресертификација, а не само редовна контрола. Ресертификацијата вклучуваше подетална проверка, споредено со редовните годишни контролни проверки.
Проверката меѓу другото вклучуваше:
- Визуелна проверка на работните простории и севкупните услови за работа. Оваа година проверката содржеше и контрола за спроведување на мерките за справување со здравствената пандемија. Беа исконтролирани сите одлуки и комуникации за работните распореди за време на пандемијата, како и физичкиот начин на заштита преку посебните мерки (маски, заштитни панели, редовна дезинфекција, лимитирано движење внатре во Комората итн).
- Проверка на поставените програмски цели изгласани од Собранието на Комората во 2019, и контрола на нивното спроведување во 2020.
- Проверка на процесот за апликација за ново овластување – целосна проверка на документаијата, од апликација, комисиски извештај, одобрување и подигање на овластувње, заедно со потпишана копија од подигнато овластување.
- На идентичен начин проверка и на процесот за продолжување на овластување
- Проверка на документацијата за странски овластувања
- Проверка на архивски книги и деловодници
- Општа контрола за компјутерскиот систем (заштита на податоци, back-up копии итн)
- Проверка на набавки – од одлука за набавка до потпишана доставница за примена набавка.
- Проверка на документот за целите на Коморатра, и мерки за контрола на спроведување на целите.
- Проверка на целосната документација за обуките: инфо за обука + листа на присутни + евалуација на настанот + копија од еден сертификат
- Проверка на класери/документација за вработените – од договори за работа, годишни одмори, универзитетски дипломи итн.
- Листата на обуки за вработените, согласно ИСО стандардите (оваа година е специфична заради состојбата со пандемијата, па имаме намален број на обуки)
- Беше проверен и процесот на измена на документацијата во Комората, од аспект на документирање на самите измени.
Ресертификацијата помина во најдобар ред, без забелешки и со посебни пофалби за начинот на работење.