Почитувани членови на Комората,
Подолу можете да ги преземете повторените повици за доставување кандидатури:
- Повик за Претседавач и заменик на собрание - Предлози треба да се достават најдоцна до 11 јуни 2021 година
- Повик за кандидатури за Потпретседател на Комора - Предлози треба да се достават најдоцна до 11 јуни 2021 година
- Повик за кандидатури за раководител - градежни инженери - Рокот за достава на кандидатури е 7 јуни 2021 година
Подолу може да го преземете повикот за кандидатури за Претседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери.
Кандидатура за Претседател на Комората може да поднесе секој активен член на Комората.
Рокот за достава на кандидатури е 25 април 2021 година, а деталите се во самиот повик.
Заврши електронското тајно гласање за избор на делегати во Собранието на Комората на овластени архитекти и овластени инженери.
На изборите имавме одлична излезност, гласаа 57% од вкупниот број на активни инженери.
- Записникот од изборната комисија,
- Резултатите од гласањето, со маркирани избрани делегати и
- Извадоци од резултатите (PrntScrn) од системот за електронско гласање.
Им честитаме на избраните делегати за мандатниот период 2021-2025 година.
Согласно утврдениот термин план за Изборите во Комора ОАИ на следниот линк може да преземете
- Пресек на активно домашно членство од 20 април 2021 година
- Кандидатски листи - финално - по региони и одделенија 26 март 2021 година
- Број и распоред на делегати по одделенија и региони
Упатствата за спроведување на изборите, прелиминарниот термин план и други документи поврзани со изборите можете да преземете во продолжение:
- Одлука за распишување избори 2021 - 13 фев 2021 година
- ФОРМУЛАР за предлагање на делегат во КОАИ, 2021
- Упатство за избор на делегати, 2021
- Упатство за избор на Претседател, 2021
- Упатство за избор на УО, 2021
- Предлог план за изборите 18 февруари - по датуми
- Одлука од УО за број на делегати во Собранието на Комората
- Табела членови-делегати по региони
Повеќе детали за изборите и повик за достава на кандидатури ќе следи околу 5 март 2021 година.
За изборен ден за делегати во Собранието на Комората се планира 3 април 2021 година, а новиот состав на Собранието ќе се конституира најдоцна до 30 април 2021 година.
Новиот состав на Собранието на Комората ќе избере нов Претседател на Комората на седница која е планирана за 29 мај 2021 година.
Со почит,
Проф. д-р Петар Цветановски, дги
Претседател на Централната изборна комисија во
Комора на овластени архитекти и овластени инженери