Почитувани членови на Комората,
Комората на овластени архитекти и овластени инженери, во соработка со Smart Solutions, Ве поканува да се пријавите на бесплатните Autodesk вебинари, кои ќе се одржат од 22 до 28 април 2021 година, согласно информацијата во прилог -->
Smart Solutions како авторизиран Autodesk партнер во Македонија ги организира заедно со Семос Едукација, сертифициран Autodesk центар за обука, следните обуки:
- Autodesk for Interior Design (22.04.2021)
- Autodesk for Product Design & Manufacturing (26.04.2021)
- Autodesk for Media, Entertainment & Film (27.04.2021)
- Autodesk for Architecture, Engineering & Construction (28.04.2021)
На вебинарите ќе имате можност да се запознаете со неколку Autodesk пакети наменети за архитекти, градежни инженери, урбанисти и планери, машински и електро инженери, професионалци од филмската индустрија како и за сите новитети коишто Autodesk ги носи со најновите верзии на своите софтверски пакети.
За подетални информации, кликнете на горенаведените линкови.
Доколку не сте во можност да ги проследите вебинарите во одредениот термин, слободно пристапете кон линкот од recording.
Присуството е бесплатно!