Ги информираме членовите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери дека стручната Комисија формирана од Општина Центар објави Конкурс за изработка на идејно архитектонско-урбанистичко решение за локалитетот фабрика Треска.
Програмската задача што е креирана од стручната Комисија ангажирана за изготвување на задачата, има цел да обезбеди комбинирани содржини, односно станбен и деловен фонд во рамнотежа со јавниот простор, како и нови содржини за изградба на нова детска градинка, придружни комерцијални и јавни содржини во функција на домувањето, содржини од областа на културата, зачувување на просторните маркери од локалитетот, зеленило со еколошка функција и одржливост во планирањето на сообраќајот.
Повеќе информации за Конкурсот можете да најдете на официјалната веб-страница на Општина Центар [http://www.centar.gov.mk/?p=12272] и на Електронскиот систем за јавни набавки, линк [http://www.centar.gov.mk/?page_id=12249]