До Комората ОАИ од Министерството за транспорт и врски, во рамките на добрата пракса за стручна соработка по важни прашања поврзани со правната регулатива и инженерството, беше доставено барање за мислење по Нацрт Законот за регулирање на статус на бесправно изградени објекти.
Комората како стручно тело, спроведе обемна анкета меѓу целото членство со цел да го сондира мислењето на архитектите и инженерите за ова горливо прашање. Од анализата на собраните податоци произлегоа сумирани ставови и заклучоци кои се опишани во Освртот кој беше доставен до Министерството.
На линковите подолу можете да ги преземете документите кои беа доставени до Министерството: