Почитувани членови на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, Ви ја проследуваме информацијата за бесплатен вебинар за ArchiCAD од GRAPHISOFT.
Archicad од Graphisoft единаесетта година по ред е прогласен за „BIM производ на годината”. Со Archicad, BIM професионалците можат да креираат и испорачуваат извонредни проекти од било која големина, интегрирајќи луѓе, работни текови и информации во реално време до најмалите детали.
ЛОНДОН, 16. ноември 2021. – Archicad и BIMx, наградуваните софтверски апликации за информационо моделирање на згради (BIM) на Graphisoft, освоија „BIM производ на годината“ и „Мобилна технологија на годината“ на овогодинешните награди за информатички технологии во градежништвото, насловени како „The Hammers“ („Чекани“). За оваа награда производите ги номинираат и гласаат за нив експерти и професионалци од градежната индустрија.
Објавен во јули оваа година, Archicad 25 е една од верзиите со која најмногу управуваат корисниците, со моќни подобрувања во дизајнот, визуелизацијата, документацијата и можностите за соработка кои се директен одговор на барањата на корисниците.
BIMx, добитникот на наградата за мобилна технологија, го премостува јазот помеѓу дизајнерското студио, инвеститорите и градилиштето преку искуството за навигација на виртуелната реалност налик на игра, додека го истражува BIM моделот на зградата.
„Ова континуирано признание од страна на корисниците и експертите од индустријата подеднакво ја зајакнува нашата посветеност на развивање на најдобрите BIM софтверски решенија на пазарот за архитекти и дизајнери“, рече Adrian Girling, извршен директор на Graphisoft за Обединетото Кралство и Ирска.
Покрај двете престижни награди освоени од Graphisoft, напредните корисници на Archicad, Bond Brian Digital, ја добија наградата BIM проект на годината за Information Hub за Gen Zero.
Бесплатен вебинар „Archicad BIM NOW“
Доколку сакате да дознаете повеќе за BIM софтвер, регистрирајте се и учествувајте на онлајн вебинарот „Archicad BIM NOW“ кој ќе се одржи на 9.12.2021 од 14 до 16 часот во заедничка организација на hiCAD Нови Сад, Србија и Инженерската Комора на Србија.
Промоција „ЗДРУЖЕНИ ЗАЕДНО за Archicad BIM“
Со цел да им помогне на експертите од градежната индустрија во Македонија, компанијата hiCAD, Нови Сад, Србија во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија подготви посебна промоција за поповолна набавка на софтверот специјално наменета за членовите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија.
Во текот на оваа промоција, насловена како „ЗДРУЖЕНИ ЗАЕДНО за Archicad BIM“, активните членови на Комората во периодот од 25.11.2021 до 25.12.2021 г. имаат можност да набават ТРАЈНА Archicad 25 лиценца и до 700€ поевтино од вообичаеното.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ (https://hicad.biz/udruzeni-za-archicad-bim/)
Контакт деталите од компанијата се следни:
Smart Solutions – Skopje, Macedonia
tel./ fax: + 389 2 277-7383, 277-7244
GSM: +389 70 397-879
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Web: www.smartsolutions.com.mk