Почитувани членови на Комроата,
BIM (Building Information Modeling) во контекст на градежната индустрија значи процес на проектирање, изградба и одржување на згради преку употреба на добро структурирани дигитални информации до кои треба да имаат пристап сите учесници во проектот.
БИМ е, пред сè, начин на работа. Збирот на информации е познат како „информациски модел“ се користи за запишување на сите фази од животниот циклус на објектот: од изградба до одржување и реновирање.
Членовите на Комората кои се заинтересирани да следат обуки за БИМ (Building Information Modeling), преку Skills4Future.mk платформата се поканети да се пријават на јавниот повик и да изразат интерес за учество.
Кандидатите треба да следат 40 училишни часови од 45 мин.
Апликанти од женски пол посебно се охрабруваат да se prijavat.
Секој слушател ќе добие Прирачник на англиски јазик објавен од Autodesk овластен издавач. На крајот на курсот, слушателите ќе добијат официјален сертификат за завршување на курсот издадено од Autodesk. Исто така, секој слушател ќе добие ваучер за запишување на официјален Autodesk Revit сертифициран кориснички испит.
Заинтересираните кандидати можат да го пријават својот интерес за учество на линкот подолу:
Линк од формуларот на македонски јазик:
https://forms.gle/s5fZWTXY7187jAHV9
Краен рок за пријавување: 17.12.2021 година
Повеќе информации за курсот