Комората на овластени архитекти и овластени инженери годинава одбележува 14 години од своето постоење. По тој повод, на 17 декември 2021 година, со почеток во 13 часот се одржа Свечено одбележување. За жал и оваа година, поради мерките за спречување на ширење на вирусот Ковид-19, свеченоста се одржа по електронски пат, преку ZOOM платформата.
На почетокот на свеченоста, претседателот на Комората, м-р Кристинка Радевски, се обрати пред присутните со свое пригодно излагање. Таа даде краток осврт за бројните годинешни активности, како и за предизвиците кои се планирани во активностите на Комората за годината што доаѓа. Истакна дека задача и цел на постоење на нашата Комора која претставува центар на инженерскиот интелект во земјава, но и нејзина лична заложба е во наредниот период интензивно да се работи на законската регулатива и ценовникот, со цел унапредување на позициите на архитектите и инженерите во нашата земја.
На одбележувањето на годишнината беа промовирани добитниците на именувани награди од Комората за 2021 година. Раководителите на четирите големи одделенија кои ги доделуваат наградите ги претставија овогодинешните добитници. Добитници на наградите за 2021 година се:
- Горан ЈАКИМОВСКИ, дипл. град. инж. - добитник на наградата „Проф. д-р Александар - Цане Ангелов, дипломиран градежен инженер“
- Борислав ЈОСИФОВ, дипл. инж. арх. - добитник на наградата „Проф. Борис Чипан, дипломиран инженер архитект“
- Наташа МОЈСОСКА, дипл. ел. инж. - добитник на наградата „Проф. д-р Станимир Јовановски, димпломиран електро инженер“
- Мирослав ТОНОВСКИ, дипл. маш. инж. - добитник на наградата „Проф. д-р Илија Черепналковски, дипломиран машински инженер“
Преземете ја презентацијата со кратки биографии на добитници на награди на следниот ЛИНК.
Свеченоста беше пренесувана во живо на Facebook профилот на Комората, подолу можете да погледнете видео записот.