На 18 јануари 2022 година, во организација на Здружението за одржлив развој ГЕНЕРА Скопје со поддршка на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, се одржа првиот меѓународен едукативен семинар од серијалот семинари за Проектирање на одржливи објекти.
На првиот семинар, кој се одржа електронски преку платформата Microsoft Teams, присуствуваа околу 120 архитекти и инженери. По претставувањето на организаторите на серијалот семинари, беа претставени темите предвидени за првиот семинар и тоа:
- Одржливи објекти - д-р Александар Петровски,
- ЛЕЕД објекти и сертификација - д-р Норберт Хармати,
- Одржливи системи за греење и ладење - д-р Александар Анѓелковиќ и
- Идни предизвици - м-р Лепа Петровска-Христовска.
По исцрпување на агендата, беа најавени следните семинари кои ќе бидат реализирани заедно со еминентни професори, експерти од 7 Европски Универзитети и тоа:
- Wrocław University of Environmental and Life Sciences
- Slovak University of Technology in Bratislava, Faculty of Civil Engineering
- Faculty of Architecture in Skopje, Ss Cyril and Methodius University
- Brno University of Technology, Faculty of Civil Engineering
- Budapest University of Technology and Economics
- University of Novi Sad, Faculty of Technical Sciences
- The School of Finance and Accounting FINra Tuzla
- Association for Sustainable Development GENERA
Овластените инженери кои присуствуваа на семинарот ќе се стекнат со сертификати за учество издадени од Комората.
Повеќе информации за семинарите можете да пронајдете на веб страната на организаторот – generamk.wordpress.com
Фотографии: