На 25.01.2022 година се одржа Вториот меѓународен едукативен семинар за Проектирање одржливи објекти, во организација на Здружението за одржлив развој ГЕНЕРА Скопје, поддржан од Меѓународниот Вишеградски фонд и во партнерство со Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија.
Настанот се одржа онлајн и присуствуваа 210 учесници. Покрај членови на Комората, на семинарот присуствуваа и слушатели од неколку Европски земји. Претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, м-р Кристинка Радевски, со воведниот говор официјално го отвори семинарот при што ги изложи заложбите на Комората за унапредување на градежништвото во Македонија и одржливото градење, како и поддршката на Комората за доживотното учење на нејзините членови. Раководителот на проектот д-р Александар Петровски ги поздрави присутните и ги претстави предавачите на вториот семинар.
Предавањата кои се одржаа на вториот семинар беа од областите на: одржливото архитектонско проектирање (д-р Александар Петровски), енергетската ефикасност (д-р Роман Рабензајфер) и дневна светлина и акустика (д-р Франтишек Вајкај).
По завршување на вториот семинар најавен е третиот семинар кој ќе се одржи на 01.02.2022. година, со почеток во 17 часот.
Овластените инженери кои присуствуваа на вториот семинар ќе се стекнат со сертификати за учество издадени од Комората.
Повеќе информации за семинарите можете да добиете на веб страната на организаторот, Генера – generamk.wordpress.com.
Фотографии: