На 01.02.2022 година се одржа Tретиот меѓународен едукативен семинар за Проектирање одржливи објекти, во организација на Здружението за одржлив развој ГЕНЕРА Скопје, поддржан од Меѓународниот Вишеградски фонд и во партнерство со Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија.
Настанот кој се одржа онлајн го отвори раководителот на проектот д-р Александар Петровски, а присуствуваа повеќе од 140 учесници, од кои дел беа од неколку Европски земји. Предавањата кои се одржаа на 3. семинар беа од областите на:
- пасивно проектирање за ладење и вентилирање на објектите - д-р Александар Петровски, Архитектонски факултет во Скопје, УКИМ,
- одржлив проектен менаџмент - д-р Огнен Марина, Архитектонски факултет во Скопје, УКИМ и
- циркуларна економија – д-р Наташа Симеуновиќ, Финра
Овластените инженери кои присуствуваа на третиот семинар ќе се стекнат со сертификати за учество издадени од Комората.
По завршување на предавањата најавен е последниот, 4. семинар кој ќе се одржи во вторник (08.02.2022 година), со почеток во 17 часот. Темите кои ќе се презентираат се:
- пасивно проектирање за загревање на објектите- д-р Александар Петровски,
Архитектонски факултет во Скопје, УКИМ,
- одржливо урбано планирање – д-р Јан Казак, Универзитет за животна средина и науки во Вроцлав
Повеќе информации за семинарите можете да добиете на веб страната на организаторот, Генера – generamk.wordpress.com.
Фотографии