На 08.02.2022 година се одржа Четвртиот меѓународен едукативен семинар за Проектирање одржливи објекти, во рамки на проектот “Towards Sustainable Future: Sustainable Buildings Challenge” кој е последен во Јануарско-Фебруарската сесија.
Раководител на проектот е д-р Александар Петровски од Архитектонскиот факултет во Скопје, УКИМ и претседател на Здружението за одржлив развој ГЕНЕРА Скопје кое е носител на проектот, поддржан од Меѓународниот Вишеградски фонд и во партнерство со Комората на овластени архитекти и инженери на Македонија.
На четирите семинари кои се одржаа онлајн вкупно присуствуваа повеќе од 550 учесници, а дел беа од повеќе Европски земји како Полска, Словачка, Германија, Италија итн. Овластените инженери членови на КОАИ кои присуствуваа на семинарите ќе се стекнат со сертификати за учество издадени од Комората.
Предавањата беа реализирани заедно со еминентни професори, експерти од 7 Европски Универзитети и тоа: Wrocław University of Environmental and Life Sciences, Slovak University of Technology in Bratislava, Faculty of Civil Engineering, Faculty of Architecture in Skopje, Ss Cyril and Methodius University, Brno University of Technology, Faculty of Civil Engineering, Budapest University of Technology and Economics, University of Novi Sad, Faculty of Technical Sciences, The School of Finance and Accounting FINra Tuzla и Association for Sustainable Development GENERA.
Преку вкупно 16 предавања беа изложени мноштво теми релевантни за проектирањето одржливи објекти, како: Sustainable Design, Passive Building Design, Sustainable Project Management, Building Physics and Heat Transfer, Circular Economy, Interior Comfrot, Daylighting and Acoustics, Sustainable HVACs, Sustainable Urban Planning и LEED certification and Buildings.
Во текот на 4. семинари беше спроведено анкетно истражување низ кое 80% од учесниците се изјаснија дека содржината презентирана низ предавањата e многу информативна. Поради тоа, позитивниот фидбек е поттик и понатаму да се организираат едукативни семинари за одржливи објекти и преку заеднички активности на сите чинители вклучени во процесот на градење да се подобри квалитетот на градбите. Воедно, се надеваме дека преку овие семинари се придонесе во унапредување на знаењето на инженерите од областа на проектирање одржливи објекти, а со тоа се даде и придонес кон подобрување на одржливоста на градежништвото во Македонија.
Повеќе информации за семинарите можете да добиете на веб страната на Генера – generamk.wordpress.com.
Фотографии од вебинарот