Почитувани членови на Комората, Европската комисија преку Новите европски награди Баухаус 2022 е во потрага на инспиративни примери за одлични проекти на четири тематски точки, од кои секоја има две паралелни натпреварувачки области:
- Повторно поврзување со природата,
- Враќање на чувството на припадност,
- Давање приоритет на местата и луѓето на кои им е најпотребно и
- Обликување на кружен екосистем и поддршка на размислување за животниот циклус.
Крајниот рок за поднесување е 28 февруари, 19:00 часот по средноевропско време. На линкот (преземи документ) можете да најдете информации за Новите европски награди Баухаус 2022.