Во соработка со Влатко Михајлов, дипл.град.инж., Одделението на градежни инженери при КОАИ започна активност „Од членовите за членството“ и организира 10 дневна обука на тема „Практични искуства при примена на FIDIC услови на договори на градежни проекти“. Истата ќе се одржи со користење на платформата ZOOM и ќе започне во месец мај, согласно следната ПРОГРАМА.
Како подготовка за следење на обуката, на 19. и 20. април 2022 година проф. Милош Кнежевиќ од Подгорица ќе одржа воведно предавање на тема „FIDIC услови на договори“.
Членовите на КОАИ, заинтересирани за следење на обуката, треба да се пријават на следниот ЛИНК (https://bit.ly/prijavaFIDICobuka) најдоцна до 18.04.2022 година.
Во периодот од 21.04. до 25.04. пријавените кандидати ќе треба да одговорат на краток тест врз база на кој ќе се дефинира нивото на знаење што го поседуваат. Воведното предавање на проф. Кнежевиќ е замислено како подготовка за спроведување на тестот.
Предавачот Влатко Михајлов го задржува правото да ја прилагоди програмата соодветно на утврденото ниво на знаење на кандидатите.