На 31 март 2022 година, во хотелот Хилтон во Скопје се одржа конференцијата „Инфраструктурата го поттикнува развојот и ја поддржува климатската акција“ како дел од завршниот настан на проектот „Зајакнување на капацитетите на Северна Македонија за управување со јавната инфраструктура“, финансиран од Обединетото Кралство како поддршка за Кабинетот на заменик претседателот на Владата за економски прашања и имплементиран од UNOPS.
Ова конференција имаше за цел да ја презентира важноста која унапреденото планирање, спроведување и управување со инфраструктурата ја има за државата, со учество на г. Фатмир Битиќи, вицепремиер на Република Северна Македонија, г. Насер Нуредини, Министер за животна средина и просторно планирање, г. Благој Бочварски, Министер за транспорт и врски, Н.Е. Рејчел Галовеј, Амбасадор на Обединетото Кралство во Северна Македонија и г-ѓа Микела Телатин, UNOPS Србија, Канцеларија одговорна за повеќе земји, како и обраќања на надлежни претставници на Владата и експерти.
Унапредувањето на планирањето и управувањето со инфраструктурата во државата спаѓа во потесниот делокруг на инженерските професии и со таа цел, тим од активни членови на Комората на овластени архитекти и овластени инженери дадоа значителна логистичка поддршка за спроведување на проектна активност на UNOPS Србија (Канцеларијата на Обединети нации за проектни активности во Србија), а во насока на детектирање на слабости на законската регулатива по однос на реализација на инфраструктурни проекти во нашата земја.
На конференцијата како претставник присуствуваше м-р Кристинка Радевски дипл.арх.инж. Претседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери.
Документи кои беа презентирани на конференцијата:
- Извештај за проценка на инфраструктурните капацитети - преземи MK | AL | EN
- Компаративна студија на случај за управување со јавни инфраструктурни проекти - преземи MK | AL | EN
Фотографии