На 2 и 3 јуни 2022 година, во просториите на комората, Комората ОАИ и Градежниот Факултет при УКИМ, Скопје, организираа две стручни блок предавања на темите: „Обезбедување на квалитет и трајност на преднапрегнатите конструкции со примена на EN стандарди“ и „Мостови со коси затеги – избор и правила за проектирање, изведба, инспекција и одржување“.
Предавањата ги одржаа Жилиен Ердоган, Директор за Средна и Источна Европа и Среден Исток, Freyssinet (Фресине) – Франција, една од најреномираните компании што работата во областа на преднапрегнати конструкции и Проф. д-р Горан Марковски, Градежен Факултет – Скопје.
На отворањето, по претставувањето на предавачите, присутните ги поздрави претседателката на Комората, м-р Кристинка Радевски и им посака успешна работа. Таа го изрази своето задоволство што ова предавање се случува токму на почетокот на големата активност на Комората во насока на организирање и реализирање на практични обуки на темата имплементација на Еврокодовите на нашата земја.
Господинот Жилиен Ердоган, во своето излагање презентираше искуства на компанијата Фресине од Франција, при што ја истакна важноста на примената на EN стандардите при изведба на преднапрегнати конструкции.
Професорот Горан Марковски, своето излагање го насочи кон елаборација на различни аспекти на проектирање, изградба, одржување и инспекција на мостови со коси затеги. Тој, исто така, напомна дека Европските - стандарди за проектирање градежни конструкции се донесени и се на сила сила во РС Македонија од 2 септември 2020 година, а по завршувањето на преодниот период, од 2 септември 2023 година, сите конструкции во државата ќе мора да бидат проектирани исклучиво според Еврокодовите.
На предавањата, присуствуваа осумдесетина членови на Комората и други гости.
Фотографии: