На 3 јуни 2022 година во големата сала на Комората се одржа презентација на тема Belimo Day 2022 + EV 4.0 MID, од компанијата BELIMO AUTOMATION HANDELSGESELLSCHAFT MBH, од Виена, Австрија.
Компанијата Белимо е водечки бренд во индустријата за ладење, греење, климатизација и вентилација на македонскиот HVAC пазар.
Дел од овогодинешната презентација стави акцент на најновата технологија на Белимо во областа на мерењето и пресметката на топлинска и ладилна енергија. Компанијата Белимо, преку Белимо Energy Valve V4.0 уредот, кој го обединува мерењето и регулација во еден уред, конечно успева да ги престави недвосмислено вредностите за потрошувачката на топлинска/ладилна енергија како основни постулати во Енергетската Ефикасност и нејзиното подобрување.
На собирот, исто така, се говореше и за MID сертификацијата на Белимо EV V4.0 и калориметарот MID кој дава опција за фискализација на продуктите од Белимо по кои може да се изврши издавање на фактури кон конечните потрошувачи.
Новите технологии од Белимо овозможуваат едноставно поврзување во големи енергетски системи, каде податоците се складираат, анализираат и даваат нови вредности кои ХВАЦ системите. Cloud технологијата и IoT преставува иднина кон која човештвото ќе се стреми.
Презентацијата ја одржа Горан Андреев, дипл.маш.инг. - претставник на Белимо за РС Македонија. На почетокот присутните ги поздравија Дитмар Нидерхаметнер, извршен директор на Белимо Австрија, преку видео врска и раководителот на Одделението на машински инженери, проф. д-р Даме Димитровски.
Фотографии