На 21 и 22 jуни 2022 година, во Скопје во салата на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Северна Македонија, во рамките на проектот ARISE, се одржа отворена сесија за комуникација со претставници на градежниот сектор во земјата, на тема Унапредување и препознавање на вештините за одржлива енергија и дигитализација во градежниот сектор, во Северна Македонија – потреби, можности и предизвици.
Проектот ARISE е финансиран од Европската комисија (1,12 милиони евра), преку фондот Хоризонт 2020, а има за цел развој на програма за надградба и препознавање на вештини за одржлива енергија со примена на дигитални технологии во градежниот сектор. Координатор на Проектот е Belfast Metropolitan College, а конзорциумот е составен од девет партнерски институции од Европа.
Организатор на состанокот беше Институтот за истражување во животна средина, градежништво и енергетика, ИЕГЕ, Скопје, еден од партнерите во конзорциумот ARISE.
ИЕГЕ учествува во сите работни пакети, а го води работниот пакет на Подготовки за пазарна имплементација, во чии што рамки ќе бидат изработени: Алгоритмот на трансакции на добиените вештини и квалификации, во рамките на европски признаен систем на квалификации, Насоки за приватните и јавните инвеститори за примена на стимулативни мерки за признавање на вештините во градежните процеси, како и Препораки за политика на имплементација на пан-европски пристап кон признавањето не вештините за одржлива енергија.
Главен говорник на настанот беше господинот Дејан Метикош, Потпретседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Северна Македонија и директор за продажба на завод проектирање во Градежен институт Македонија. Господинот Метикош зборуваше во име на КОАИ, на тема Дигитални трансформации и BIM Методологија – приоритет во процесите на континуирано усовршување на вештините на овластените архитекти и инженери.
Вториот говорник на настанот, господинот Влатко Иванов, Генерален директор на Градежен институт Македонија, зборуваше за Потребите за надградувањето на знаењата и вештините во градежниот сектор во Северна Македонија.
Госпоѓата Дијана Ликар, координатор на тимот на ИЕГЕ на ARISE проектот, го објасни значењето на проектот за градежниот сектор во Северна Македонија.
На настанот зборуваше и господин Панче Атанасовски, Консултант во Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија, кој даде Преглед на обврзувачките обуки за сертифицирани енергетски контролори во градежниот сектор и г-дин Едвард Софески, Претседател на Комората на мали и средни претпријатија, кој даде приказ на потребите и предизвиците на МСП во земјата во дигиталната и зелена транзиција на градежниот сектор.
Програмскиот менаџер на ARISE, Пол Меккормак рече: „Проектот ARISE настојува да создаде еднакви дигитални вештини низ цела Европа, и да ги поддржи компаниите и професионалците во рамките на градежниот сектор, за да ја прикажат своето индивидуално учење/надоградување на дигитална трансформација. Преку микро акредитации, certcoins, временски кредити, ние можеме да значително го промениме процесот на вештини за инженерите, како и сите засегнати учесници во градежниот процес. Со овие нови вештини, ние можеме да помогнеме и во декарбонизација на градежништвото и стимулирање на енергетски вештини на сите нивоа во градежништвото. Нашите партнери на ARISE од Италија, Северна Македонија, Португалија, Ирска, Велика Британија, Брисел и Данска допринесуваат за развој на овој нов процес на трансевропски вештини. Нашиот партнерски состанок во Скопје, Северна Македонија е уште еден чекор во создавањето на нови мостови на учење“.
Новиот систем на обука и препознавање на дигиталните вештини ќе биде важечки низ цела ЕУ, со што ќе се зголеми ширењето на квалификувани работници на градежниот пазар.
Фотогалерија од настанот: