Во периодот 23-25.6.2022 год., во хотелот Метропол во Охрид се реализираше Петтиот симпозиум на Друштвото за геотехника на Македонија (ДГМ). Истиот беше поддржан од страна на Меѓународното друштво за механика на карпи и инженерство во карпи (ISRM) и се спроведе во форма на Специјализирана конференција на ISRM.
Поради условите во изминатите повеќе од две години, симпозиумот во неколку наврати се одлагаше, што доведе до изразен интерес за учество. На симпозиумот учество земаа преку 200-те гости од 30 земји од сите континенти, надминувајќи ги плановите и очекувањата на организаторот. На него беа презентирани вкупно 94 реферати од Македонија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Албанија, Турска, Унгарија, Италија, Полска, Казахстан, Јапонија и други.
Во рамки на симпозиумот се доделија и признанија за институции, фирми и личности од земјата и регионот кои се заложиле за унапредувањето на геотехниката во државата во изминатиот период. За досегашната исклучителна соработка и поддршка, на Комората на овластени архитекти и овластени инженери беше доделена Благодарница која ја прими проф. д-р Јосиф Јосифовски, раководител на Одделението за геотехника.
За своето истакнато учество во изработката на Тарифникот на инженерски услуги како и работа на предлог-Законот за градба во рамки на Комората, како членови на Одделението за геотехника, инивидуални Благодарници им беа доделени на проф. д-р Јосиф Јосифовски, м-р Бојан Јаневски и м-р Доне Николовски.
Фотогалерија