Целта на оваа награда, како и на сите награди на Светската федерација на инженерски организации (WFEO), е да го насочи вниманието на светот кон улогата на инженерството во одржливиот развој.
Компанијата “Consolidated Contractors Company”, под раководство на покојниот Хасиб Ј. Сабаг, ѝ даде одговорност на WFEO за доделување на наградата Хасиб Ј. Сабаг за извонредност во инженерството во градежништвото.
Оваа награда беше воспоставена во 2002 година по иницијатива на Хасиб Ј. Сабаг, кој посвети многу години труд во областа на инженерството и градежништвото.
Наградата се состои од медал, сертификат и парична награда од 10.000 американски долари (УСД) и се доделува на Генералното собрание на WFEO кое се одржува на две години.
Првата награда беше доделена за време на Генералното собрание на WFEO во Тунис, Тунис, во октомври 2003 година.
На линкот https://www.wfeo.org/awards/ можете да најдете повеќе информации за наградата и да го преземете формуларот за номинација кој се пополнува само на англиски јазик и треба да биде испратен пред 16 септември 2022 3 октомври 2022 година на емаил адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.