Во организација на Јадранскиот саем од 5 до 8 октомври 2022 година во Будва, Црна Гора, ќе се одржи 43-от Саем за градежништво. Вистинското место за да одговорите на новите потреби настанати по речиси целосниот прекин на трговијата поради пандемијата со вирусот Ковид 19 и желбите на клиентите од Црна Гора и регионот, да ја презентирате вашата понуда и можности и да ги убедите дека вашата компанија е таа на која можат да и ја дадат својата доверба.
Периодот на одржување е планиран во согласност со најдобрите интереси на индустријата што е предмет на овој саем. На самиот крај на туристичката сезона ќе бидете видливи за бројни потенцијални инвеститори од Црна Гора, како и бројни гости, туристи и бизнисмени кои престојуваат во Будва во тој период. Ве покануваме да бидете учесник на овој саем.
Инженерската комора на Црна Гора во соработка со АД Јадрански саем Будва обезбеди попуст за учество од 30% за сите излагачи кои ќе се пријават преку Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија. Двете комори тесно соработуваат во рамките на IIRS и сметаат дека ова е важен начин за промовирање на регионалната инженерска сцена.
Пријавете ја Вашата компанија за саемот на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. за да добиете 30% попуст за учество.