Агенцијата за катастар на недвижности направи надградба на Графичкиот регистар на градежно земјиште со постапки согласно Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ бр. 32/2020).
Со Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ бр. 32/2020), се разработуваат урбанистички планови и во функција на разработка и спроведување на урбанистичкиот план се изработуваат Урбанистички проекти.
По препорака на Агенцијата за катастар на недвижности, Комората како надлежен орган, преку стручната служба Ве информира и Ви го доставува надграденото корисничко упатство (улога Планер) со постапки согласно Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ бр. 32/2020).
Преземи Корисничко упатство според нов правилник
Ви стоиме на располагање за дополнителни информации.