На 12 септември 2022 година, во просториите на Комората се одржи стручно предавање за контрола и испитување на сообраќајна сигнализација и опрема. На собирот присуствуваа педесетина инженери и гости чија главна дејност е сообраќајно инженерство. Раководителот на одделението на сообраќајни инженери, Андон Петровски се обрати пред присутните и даде краток вовед во темата која беше презентирана.
Предавачи на стручниот собир беа Проф. Дарио Бабиќ, Проф. Марио Фиолиќ и Проф. Игор Хабузин од Факултетот за Транспорт и Сообраќај, при Загребскиот Универзитет, Хрватска.
Фотографии од настанот