На 30 септември 2022 година (петок), во просториите на Комората, се одржа стручно предавање на тема осветлување во концептот на паметен град. Собирот го поздравија Мицко Чадиноски - претставник на одделението на електроинженери при Комората, Воислав Радовиќ - регионален менаџер на Signify за централен Балкан и Наташа Димовска - генерален менаџер на компанијата Винт која е овластен дистрибутер на Philips Lighting за нашата земја.
Предавањето беше составено од 2 дела, и тоа: Интеграција на системи за улично осветлување во концептот на паметен град и Виртуална тура во LAC (Light Aplication centar), презентација на концепти на осветлување во различни области на примена. Во просториите на Комората првото излагање го одржа Стјепан Твртко Чавар, дипл.ел.инг. - од компанијата Signify, додека за второто предавање преку видео врска од Хрватска се поврза Елена Блажич, дипл.ел.инг, светлосен дизајнер во компанијата Signify.
На предавањето присуствуваа педесетина електроинженери, членови на Комората кои се здобија со сертификат за учество.
Фотографии од настанот: