4. Меѓународен стручен собир од областа на климатизација, греење и ладење - „energija+“ се одржа на 15 и 16 септември 2022 година во Подгорица. Стручниот собир претставуваше можност за собирање и размена на знаења, искуства и мислења на сите кои професионално се занимаваат со технологија за климатизација, греење и ладење или се поврзани со оваа област, како што се научници, истражувачи, конструктори, студенти, дизајнери, изведувачи и сервисери од областа на климатизација, греење и ладење, консултанти и инвеститори, претставници на производители и дилери на опрема за климатизација, греење и ладење, државни службеници од областа на градежништвото и заштитата на животната средина од Црна Гора и странство.
На покана на Инженерската комора на Црна Гора - Стручна комора на машински инженери, Комората на овластени архитекти и овластени инженери учествуваше со двајца претставници, проф. д-р Даме Димитровски, раководител на одделението на машински инженери и претседавачот на Собранието на Комората Димче Галовски дипл.маш.инж.
Една од главните теми беше прославата на 35-годишнината од Монтреалскиот протокол, кој беше донесен за да се намали производството и потрошувачката на супстанции кои ја оштетуваат озонската обвивка. Протоколот иницираше политики во областа на заштитата на животната средина и придонесе за обновување на озонската обвивка, но и за борба против климатските промени.
А климатските промени се една од ретките теми што не обединуваат на глобално ниво и повикуваат на заедничка акција!