На 6 октомври 2022 година, во салата за конференции на Комората ОАИ се одржа предавање на тема „Модернизација и реконструкција на пругата Белград-Будимпешта на територија на Република Србија-ЕТЦС-ниво 2 (European Train Operation Control System). Предавањето го одржа инженер Милан Јанкулоски, надзорен инженер за сигнално-сигурносните постројки на железницата, потенцирајки го добриот пример за соработка со двете водечки кинески компании од областа на сигналните и телекомуникациските системи CRSC и HUAWEI.
Пред присутните се обрати раководителот на Одделението на градежни инженери, проф. д-р Мери Цветковска која ја истакна важноста на развојот на железничката инфраструктура во нашата држава и дека ваквите позитивни искуства можат да бидат од голем значај. На собирот, исто така, присутни беа потпретседателот на Комората Дејан Метикош и раководителот на Одделението на електро инженери Владе Гроздановски.
Презентацијата содржеше три главни сегмента на брзата пруга: градежен дел, сигнално сигурносен и телекомуникациски дел, како и дел на активирање со верификација и сертификација на системите од страна на NoBo. Подетален осврт во презентацијата е даден на сигналните, телекомуникациските системи и системот GSM-R.
Присутни беа четириесетина инженери од областите градежништво, електротехника, сообраќај и животна средина.
Фотографии од настанот