Следејќи ги регионалните и светски трендови во градежништвото и во насока на подобрување на конкурентноста на пазарот на трудот, а во согласност со сите достигнувања во ИТ индустријата, како Комора започнуваме процес на анимирање и подготвување на нашите членови за примена и имплементација на BIM технологијата при изработка на секојдневните проектни решенија. За да ја реализираме оваа активност во координација со сите релевантни чинители на национално ниво, иницираме процес на подобрување на капацитетите на нашите компании во насока за полесна и побрза имплементација на овие решенија.
Дигитализацијата на компаниите не е веќе прашање на избор, туку реална потреба за опстанок. BIM технологијата со сигурност е најактуелната апликација во градежништвото и архитектурата. Како пример, во соседна Хрватска како членка на ЕУ веќе 70% од проектите ја имаат инкорпорирано оваа компонента. Навлезена е во националните регулативи на повеќе држави како мандаторен софтвер при изработка на проекти при јавни набавки.
До 2025 година поради имплементација на BIM технологијата, се очекува редукција на трошоците за изградба од 33%, намалување на времето потребно за изградба за 50%, намалена емисија на СО2 за 50%. Building Information Modeling (BIM) е интелигентен процес базиран на богати 3Д модели, кој на професионалците од АИГ (Архитектура, Инженерство, Градежништво) индустријата им дава увид и алатки за поефикасно да ги испланираат, дизајнираат, градат и управуваат зградите и инфраструктурата. Извештаите покажуваат заштеди до 50% во буџетот на проектот и времето за нивно завршување, додека во исто време се зголемува квалитетот на проектите. Компаниите, како и владите, ја имплементираат БИМ технологија за постигнување на поголема конкурентност и економски просперитет.
За таа цел во соработка со најголемиот авторизиран центар во Македонија, СЕМОС Едукација овластен за обуки на Microsoft, Cisco, Oracle, ЕC-Council, AWS, Adobe и Autodesk во Македонија и како прв Microsoft Gold Partner for Learning Solutions и авторизиран Certiport тестинг центар отвораме можност за посета на еден од курсевите под исклучително поволни услови. Обуки кои може да побараме да ни бидат испорачани се: Revit Architecture, Revit MEP, Revit Structure, Revit Landscape Design, Revit Advanced, AutoCAD, Inventor, Fusion360, 3DS Max & V-Ray. Освен тоа членките добиваат ваучер за полагање на испит од 50€ и бесплатен час за менторство во висина од 20€ за било која од обуките.
Како директни придобивки имаме:
- Зголемена продуктивност во компанијата во просек за 5 часа на месечно ниво по вработен,
- Зголемен поврат на инвестицијата со порастот на успехот на компанијата;
- Зголемена конкурентност на пазарот;
- Зголемена лојалноста на вработените кон своите компании.
BIM Технологија ги опфаќа следните пакетите на обуки:
Секоја од обуките се состои од 40 наставни часа. Минимален број на учесници е 8 а максимален во една работна група е 12. Вклучително со сите попусти(ваучер за испит, менторство, консултантски час, било која од обуките би чинела 12.600 денари со вкупен попуст од 120€. Плаќањето може да биде организирано на 2 рати.
Термини за пријавување и оформување на групите за поодделните обуки се:
- Прв рок за пријавување 21.10.2022 – групите започнуваат во ноември 2022 и
- Втор рок за пријавување 11.11.2022 – групите започнуваат во декември 2022 год.
Предавачите се официјални инструктори од Autodesk и ги поседуваат следниве сертфикати: Autodesk Certified Instructor, Autodesk Certified Professional.
Динамиката на настава може да биде два или три пати неделно по 3 часа дневно (редовна група). Попладневен термини: од 17:00 - 19:30 часот или од 19:30 - 22:00 часот. Доколку се организира група само од членовите на комората, термините може да се договорат еден месец пред започнувањето на обуката. За секој слушател ќе биде обезбедена официјална литература на англиски јазик од Autodesk.
За искористување на понудените поволности имаме два Согласно со новонастанатата состојба во Република Северна Македонија, а поврзано со појавата на Ковид-19 (корона вирус), наставата се организира On-line на платформата MS Teams.
За секој слушател кој успешно ќе го заврши курсот и положи испитот, следат два официјално и светски признаени сертификати од Autodesk (Autodesk Certified User - ACU), кој ги доделува Семос Едукација како Авторизиран Tренинг Центар и Академски партнер на Autodesk.
Сите заинтересирани можат да се пријават за едена или повеќе различни обуки на следниот ЛИНК (https://bit.ly/prijavaBIMobuki-2).