На покана на Хрватската комора на електро инженери делегација од КОАИ предводена од раководителот на одделението за електротехника учествуваше на настанот 14-тите Денови на електро инженерите кој се одржа од 29.09. до 01.10.2022 година.
На свеченото отварања на настанот се обрати и раководителот на одделението за електротехника при Комората, Владе Гроздановски.
Покрај стручните дискусии на тркалезните маси и билатералните средби се дискутираше на актуелни теми како воведување на BIM технологија, континуирано образование, меѓусебно признавање на овластување и меѓународна размена.
Фотографии од настанот