На 13 октомври 2022 година, во просториите на Комората се одржа презентација на Алуконигштал Schüco. Со воведен збор, настанот го отвори Бранко Димовски – менаџер на продажби во Алуконигштал, претставништво Скопје. Презентацијата ја спроведе Ивана Цимешиќ.
Спроведената презентација беше на тема „Schüco Panorama Design-новиот начин на застаклување”. Првиот дел беше општа дискусија, интересна за ахитекти-улогата на застаклувањето во модерната архитектура и краток вовед во проектирање на стаклени висечки фасади. Во вториот дел беа претставени продукти од системите на Schüco, кои овозможуваат максимално застаклување со минимална видлива конструкција (линија „панорама дизајн”), и тоа:
- Фасадни системи во панорама дизајн,
- Прозорски и лизгачки системи во панорама дизајн,
- Можни комбинации од горенаведените системи за целосно транспарентна естетика на фасадата
Ивана Цимешиќ е Магистер по архитектура во Универзитетот за архитектура, градежништво и геодезија - „УАСГ”, Софија. Од 2018 година е дел од македонското претставништво на интернационалната фирма АЛУКОНИГШТАЛ, насочена кон модерните тенденции на фасадните конструкции.
На настанот присуствуваа четириесетина членови на Комората, кои по завршувањето се здобија со сертификати за присуство.
Фотографии од настанот