На 20-ти октомври 2022 година, градот Скопје беше домаќин на регионалната конференција Autodesk Digital Transformation Day Скопје 2022, каде што експерти и професионалци преку лични искуства презентираа што е ново во светот на БИМ и на кој начин БИМ го менува светот околу нас, работејќи посигурно, поедноставно и побрзо!
По завршувањето на конференцијата, во просториите на Комората се одржа состанок помеѓу претседателот и претставници на управниот одбор на Комората со претставници од Smart Solutions Macedonia и TD Synnex Autodesk VAD Adriatic. На состанокот беа дискутирани можностите за продлабочување на соработката преку овозможување на специјализирани обуки и поголема достапност на БИМ алатките на членовите на Комората во насока на дигитална трансформација на работните процеси. Владимир Крстиќ претставникот на Smart Solutions Macedonia, во име на долгогодишната соработка се заложи дека во многу скоро време заедно со партнерите од Tech Data ќе понудат достапни обуки за БИМ и ќе го олеснат пристапот на членовите на Комората до алатките за БИМ.
Конференција Autodesk Digital Transformation Day Скопје 2022 беше организиран од Smart Solutions Macedonia – единствен авторизиран партнер на Autodesk во Македонија, во соработка со TD Synnex Autodesk VAD Adriatic, регионален и глобален Autodesk дистрибутер.
На отворањето на конференцијата Марина Глишиќ и Ведран Орешиќ од компанијата Tech Data дадоа вовед за тоа што претставува БИМ, кои се најчестите стереотипи , дилемите дали да се премине на БИМ и за кого се наменети БИМ алатките.
Во продолжение Гоце Чавкоски и Lars Oberwinter од компанијата BIM Solutions, Plandata зборуваа за дигитализирање на втората најголема болница во Европа.
Други говорници на конференцијата беа и Зоран Симјановски од CADONIA со презентација за Еволуцијата на БИМ, Орхидеја Малезан од Generic 5D - Бим бенефити во градежната индустрија, Ведран Орешиќ од Tech Data - Како да започнете проект во БИМ?, Никола Стрезовски од Масон Инженеринг - Проектирање: пред и во БИМ ерата, Никола Нисев и Тања Илиевска од НИТЕН ИНЖЕНЕРИНГ - Транзиција од 2D во BIM проектирање, искуства и предизвици, Трајче Стојанов од Семос Едукација - Влијанието на IFC технологијата врз развојот на БИМ и Никола Нисев и Димитар Хаџиев од NEW VISION - Имплементација на БИМ при проектирање на индустриски објекти.
По завршувањето на излагањата се одржа ПАНЕЛ дискусија насловена БИМ мандат во Македонија, искуства, предизвици и предности на која учествуваа Кристинка Радевски, претседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија, Mишко Ралев од Факултет за архитектура и дизајн (ФАД) при УАКС, Ристо Малков од Јавно претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија, Гоце Чавкоски од BIM Solutions/Plandata и Lars Oberwinter од Plandata. Дискусиите ги модерираше Трајче Стојанов од Семос Едукација.