Општина Аеродром објави конкурс за изработка на решение за идејни проекти за изведба на две градинки, со цел да се надмине проблемот со кој се соочуваат граѓаните, а тоа е недостатокот на места за згрижување на дечињата. Станува збор за идејни проекти за двa модерни и современи објекти за згрижување на децата, од кои првиот ќе се наоѓа во Населба Лисиче, а вториот во непосредна близина на кулите Џевахир.
Конкурсот е отворен за аплицирање од страна на физички и правни лица.
Стручна комисија која ќе ги оценува апликациите е составена од универзитетски професори од факултетот за архитектура, претставник на Комората на овластени архитекти и овластени инженери од Одделението на архитекти и други експерти и стручни лица во областа. Краен рок за достава на конкурсните трудови е 12.12.2022 година (понеделник).
Конкурсната документација е достапна на веб страната на Општина Аеродром - ЛИНК (http://aerodrom.gov.mk/vest/9010), а самиот Конкурс е достапен на Електронскиот систем за јавни набавки - ЛИНК (https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/notices).